17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Македонскиот филм „Црни и криви“ со африканска премиера во Кенија

Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“, во режија на Марко Џамбазоски, својата африканска премиера ќе ја има на Slum Film Festival, кој се одржува од 27 до 31 август во Најроби, Кенија.

Претходно, филмот ја доживеа својата светска премиера на реномираниот филмски фестивал во Пула, а од филмската екипа најавуваат дека набргу и македонската публика ќе има можност да го гледа ова филмско остварување.

„Црни и криви“ е македонска комедија во режија, сценарио и монтажа на Марко Џамбазоски, директор на фотографија е Марко Димитриевски, извршен продуцент Бошко Мангаровски, а актерската екипа ја сочинуваат Тони Денковски, Горан Ников, Чедомир Митевски, Мирјана Трпковска, Ердоан Максут, Томе Станковски, Ангела Стојановска, Андреа Голуб и Димче Спасовски.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности, а поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Спонзорирано: