17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сите деца од Домот „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови

25-те деца од Јавната институција за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови, соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска.

„Подготвена е нова програма за работа со овие деца, постојниот кадар помина низ практична обука, а се обезбедија и нови 18 вработувања. Целосно ги приспособуваме условите во согласност со потребите на оние за кои треба да се грижиме наместо да ги приспособуваме луѓето на системот. Посветено работиме за обезбедување еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој за децата сместени во институциите. Деинституционализацијата е трајно решение во оваа насока“, рече Царовска на отворањето на еден од домовите.

Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, рече дека, за жал, секогаш ќе има ситуации кога не е можно, не е безбедно или не е во најдобар интерес на детето да живее со своeто биолошко семејство.

„Грижата во згрижувачко семејство е најдобрата алтернатива на големата институција, но семејното опкружување исто така може да се добие во мал групeн дом каде што децата го добиваат чувството на припадност, стабилност и поддршка што им е потребно. Да не заборавиме и на возрасните во институциите – тие исто така заслужуваат живот во заедницата. Сите агенции на Обедините нации во земјата се посветени на поддршка на деинституционализацијата за сите деца и возрасни што живеат во институции да може да го уживаат своето право на достоинствен живот“, рече Перкс.

Спонзорирано: