23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради безбедносни причини, поместена автобуската постојка кај Јаја-паша

Линијата број 25, која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно, ќе има измена во возниот ред. Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот се менува, односно поаѓањето ќе се реализира во 7.30 часот. Промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето е по барање на планинарите и поради високите температури во летниот период. Таа ќе почне да се применува од претстојниов викенд. Другите поаѓања се реализираат според важечкиот утврден возен ред, информираат од ЈСП.

Во викендите и за време на државните празници возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а тоа важи и за сродните лини 25 а и 25 б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Старата железничка станица, односно од Дом на печатот.
Тоа се однесува и за линијата 28, која вози од Транспортен центар до Нерези („Македонско село“). Бесплатниот превоз се воведе по предлог на голем број граѓани, a истовремено доби поддршка и од Град Скопје и од ЈСП „Скопје“, пред сѐ, од еколошки аспект, со цел да се контролира и регулира движењето до Средно Водно.

Од денеска автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри по пешачкиот надвозник, односно стојалиштето сега е пред ОУ „Лирија“. Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини. На претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди.

Спонзорирано: