9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новите членови на ДИК в понеделник ќе дадат свечена изјава

Новите членови на Државната изборна комисија в понеделник ќе дадат свечена изјава и со тоа ќе стапат на должност. Од парламентот потврдуваат дека давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија, кое требаше да се одржи денеска, е одложено за 30 јули (понеделник) во 10 часот во салата на Владата.

Од Собранието претходно информираа дека сите активности на претседателот Талат Џафери што биле закажани за денеска нема да се одржат затоа што тој ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Вчера на собраниска седница со 100 гласа „за“ беше изгласан новиот состав на Државната изборна комисија. Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Во ДИК од партијата Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.

Спонзорирано: