12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Кафанска телешка чорба по рецепт на старите кувари, еве рецепт

Еве како да направите вкусна кафанска чорба…

Состојки: 500 гр телешко месо од бут или врат, 1 главица кромид, 2 моркови, пашканат, магдонос, 1 корен целер, 2 компири, 1 дл масло, 2 лажици брашно, 2 дл кисела павлака Пекабела, 1 жолчка, сол, бибер, магдонос

Начин на подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го, па издинстајте го на масло. Додајте месо исечкано на коцки (и коски, ако има), налијте вода и динстајте на тивок оган околу еден час. Додајте зеленчук исечкан на коцки, зачинете со сол и бибер, па налијте околу 2 л вода.

Направете и запршка од две лажици брашно, па сè заедно гответе уште околу половина час.

Пред сервирање во готовата чорба измешајте павлака со разматена жолчка и посипете со ситно сечкан магдонос. По желба, закиселете ја телешката чорба со оцет или лимонов сок.

Добар апетит!

Спонзорирано: