10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

Гори и во Германија: Шумски пожари во близина на Берлин, ситуацијата отежната поради неексплодирана муниција од Втората светска војна

Шумскиот пожар во близина на селото Фихтенвалд, оддалечено околу 35 километри од Берлин, моментно е под контрола, но ситуацијата е се уште неизвесна поради неексплодираното оружје од Втората светска војна, велат властите.

Пожарникарите имаат тешкотии да влезат во боровата шума во близина на селото, бидејќи има индикации дека е можно дел од муницијата како резултат на огнот веќе да експлодирала, па безбедноста на пожарникарите би била загрозена.

Како и во поголемиот дел од Европа, подрачјето на Берлин во последните неколку месеци е погодено од невообичаено топло и суво време, а властите предупредија дека ризикот од пожари е многу висок.

Спонзорирано: