5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Скандалот со Фондот за иновации стана како индиска серија

Скандалот со Фондот за иновации стана како индиската серија „Малечката невеста”. Трае и трае и трае и никако да престане. Само што ова не е љубовна серија со индиски глумци, туку серија на криминал, во која што единствена иновација е натпреварот кој може да украде повеќе за што покус период, а главните улоги се функционерите на СДСМ, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Последен во низата на сомнителни, „иновативни криминали“ е случајот со фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“ чиј сопственик Весна Кузмановиќ која добила грант, иако била ангажирана од Фондот да биде консултант да им ги пишува предлог проектите на другите фирми кои што аплицирале. Тоа значи дека ем била ангажирана да помага во пишување проекти за други фирми кои конкурирале за грант од Фондот, ем добила грант за сопствената фирма. Вчера прашавме дали луѓе од Фондот се состанувале со менаџментите на компаниите, а денес гледаме дека ангажирана во Фондот за иновации и пишување проекти, добила грант. Одговорот го добија граѓаните уште веднаш. Јавноста затоа прашува дали овде постои основан сомнеж дека се работи за договарање во четири очи со лице кое има конфликт на интереси. Ниту Фондот, ниту Кузмановиќ не почуствувале потреба да биде изземена при доделувањето на грантови, што отвора сомнеж дека имале фаворизирана позиција во доделувањето на грант за наводна иновативност“, рече тој.

Арсовски додаде дека Јован Деспотовски како директор на Фондот за финансирање на партиски подобни фирми со иновативни идеи за влечење буџетски средства, како и вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Хари Локвенец, советничката Цветанка Ласкова и другите вмешани лица во оваа, како што рече, коруптивна мрежа треба да се истражат и ако се потврдат сомнежите да се повикаат на материјална но и кривична одговорност.

Спонзорирано: