3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Кој требало да нареди евакуација во Грција?

Грција има план за цивилна заштита, но тој документ практично бил безвреден, кога во понеделникот огнената стихија проголта над 80 човечки животи, наведува Ројтерс. Додека истрагата за причините на пожарот е во тек, спасувачките екипи, сведоците и градоначалниците се согласни за една работа – не е издадена наредба за евакуација. Но не се согласуваат околу тоа кој требало да ја упати.

„Црковните ѕвона не ѕвонеа, сирените не беа вклучени, никој не не извести“ изјави Фиби Ангелопулос, која го преживеала пожарот.

Останува непознато зошто властите не наредиле евакуација на градот Мана, источно од Атина, кој во понеделникот вечерта се претвори во смртоносна замка за голем број луѓе. Мнозинство од запознатите со ситуацијата, велат дека немало време за координативна акција. Владин претставник изјавил дека бризната на ветерот била 120 километри на час, а искусните пожарникари велат дека имало едвај 20 минути за евакуација.

Наместо организирано напуштање на домовите, многумина се упатиле кон своите возила, блокирајќи ги улиците. Луѓето хаотично бегале на сите страни.Редица запалени автомобили, говорат за агонијата на жртвите. Владини претставници велат дека евакуацијата е работа на градоначалникот, бидејќи единствено неговата канцеларија може да нареди такво нешто.