17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градоначалникот на Гази Баба доби благодарница за придонес во крводарителството

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска доби благодарница од Црвениот крст на град Скопје за придонес во процесот на промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.

Од Црвен крст порачаа и другите општини да го следат примерот на Гази Баба, која покажала високо ниво на општествена одговорност и солидарност и да се вклучат со поддршка на хуманитарните и социјални програми на Црвениот крст.

Општина Гази Баба во последните крводарителски акции собра 4439 крвни единици, а предвидени беа 2835, со што планот е надминат за 56%.

Спонзорирано: