13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Голем пожар во зграда во Лондон

Голем пожар изби во петкатна станбена зграда во лондонскиот кварт Вест Хемпстед, поради што се евакуирани околу 50 лица.

Пожарникарите речиси четири часа се бореа со пламенот, соопшти противпожарната служба на Лондон, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека во гасењето на пожарот биле ангажирани 100 пожарникари со 15 противпожарни возила.

Пожарникарите ги евакуирале луѓето кои живеат на последниот кат бидејќи стравувале дека покривот би можел да се сруши.

„Се верува дека пожарот избил во стан на четвртиот кат. Противпожарните екипи помогнале при извлекувањето на две лица од првиот кат, а голем број други станари се евакуирале самите од пониските катови“, изјави управникот на противпожарната станица, Клејнтон Мари.
Се наведува дека пожарникарите примиле повик малку по еден час синоќа, а пожарот бил ставен под контрола во пет часот утрото. Засега не е позната причината за пожарот.

Станарите на соседните згради поставија на социјалните мрежи фотографии и видеоснимки од пожарот.

Од лондонската Итна помош е наведено дека никој од станарите на запалената зграда не бил превезен во болница.

Спонзорирано: