8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во домот на 17 годишното момче од Чегране – она што го пронашла ќе ве изненади

Вчера од период од 19,30 до 21,00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на 17-годишен жител на село Чегране, гостиварско.

„При претресот пронајдени се: пиштол „Зораки“ калибар 9 милиметри со два куршума од истиот калибар, едно најлонско ќесе со марихуана, дробилка со остатоци од ваква материја, безбол палка, два метални боксирача, нож, црн спреј… “ јавува полицијата.

Пронајдените предмети се фотодокументирани и со потврда одземени за вештачење, додека малолетникот, во присуство на негов роднина, бил приведен во Полициската станица Гостивар и задржан за натамошна постапка.