11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии

Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година. Беа поднесени 91 апликација за нови или промена на веќе постојни автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив, 26 апликации беа за вршење на меѓуопштински превоз на патници и 65 за меѓународен превоз на патници.

Врз основа на прелиминарната распределба за меѓуопштински превоз на патници, одобрени се 12 апликации, 1 апликација е делумно одобрена, а 13 се одбиени. За меѓународен превоз на патници одобрени се 35 апликации, 3 апликации се делумно одобрени и 27 се одбиени.

Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред. Прелиминарните листи може да се најдат на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски на следниот линк:

http://mtc.gov.mk/preliminarna-raspredelba-na-avtobuski-linii-za-2018-godina-

Спонзорирано: