10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

„Лудо“ тесто: Може да стои со денови, а идеално е за кифли, пица, погача…

Ова тесто може да се користи за разни јадења, а може долго да стои во фрижидер. Едноставно, практично и најдобро од сè меко и вкусно!

Состојки: 1 кг брашно, 500 мл млако млеко, 200 мл јогурт, 2 јајца, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 1 коцка квасец

Начин на подготовка: Просејте килограм брашно и направете вдлабнатина. Во таа вдлабнатина ставете млако млеко и издробете квасец и посипете со шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете квасецот да нарасне. Додајте ги сите останати состојки и замесете глатко тесто.

По потреба додајте уште малку брашно сè додека тестото не престане да ви се лепи за раце. Прекријте го тестото со крпа и оставете го убаво да нарасне.

Од ова тесто можете да правите погачи, кифли, пица… што и да посакате. Ако не го потрошите замотајте го тестото најлонска кеса и оставете го во фрижидер и до неколку дена.

Спонзорирано: