4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат на хартија, во реалноста расте сиромаштијата

Со оваа власт на хартија преку штелувани податоци се прикажува раст на платите, во реалноста имаме раст на сиромаштијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата за зголемувањето на платите во мај за 7,1 проценти, во однос на истиот месец претходната година.

„На хартија се прикажуваат инвестиции, во реалноста има инвестиции само во фирмите на Анѓушев и Локвенец. Велеа дека не внеле во НАТО и ЕУ, а во реалноста ниту членство во НАТО ниту датум за преговори за ЕУ. Во ЕУ не се оди со претурање на државни пари во приватни сметки на вицепремиер, пратеници и фирми на други луѓе од власта.
Колку и да се прикажува дека постои некаква розева слика, реалноста е поразителна. Власта врши грабеж на граѓаните, а единствено се богатат фирмите на власта. Владата на СДСМ зема од џебот на народот за да стави во приватните џебови на министрите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија додава дека граѓаните едвај го преживуваат месецот, додека, како што велат, црното економско триo ги брои милионите на своите сметки, од плантажите со марихуана, разни сомнителни тендери и трансакции, граѓаните се на работ на егзистенцијата.