13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Русија и Кина ја одложија забраната за извоз на нафта во Северна Кореја

Русија побара повеќе време за да ги испита обвинувањата на САД дека Северна Кореја нелегално увезува рафинирани нафтени производи надминувајќи ја квотата од 500 000 барели годишно, колку што е дозволено под санкциите на ОН.

Русија и Кина ги одложија напорите на САД во Комитетот на Советот за безбедност (СБ на ОН) да се нареди прекин на извозот на преработки од нафта во Северна Кореја, како што пренесе „Ројтерс“ претходно.

Агенцијата, повикувајќи се на неименувани дипломати, вели дека Русија и Кина побарале повеќе детали во врска со обвиненијата на САД дека Пјонгјанг ги прекршил своите рестрикции.

Ова барање на Русија беше поддржано од Кина.

АП наведува дека минатата недела САД побараа Комитетот на Советот за безбедност на ОН, кој ги надгледува санкциите спрема Северна Кореја, да испрати писмо до земјите членки на ОН и до јавноста, во кое ќе наведат дека Северна Кореја ја надмина квотата.

Останатите 14 членки имаат време да го сторат тоа денес до пладне, по локално време, да се спротивстават.

Според двајца дипломати, кои побараа да останат анонимни, Русија „го стави на чекање“ барањето на САД.

Еден од дипломатите вели дека Москва бара уште шест месеци, а Кина го поддржа ова одлагање.

Спонзорирано: