12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Тајландските момчиња излегоа од болница

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера во северниот дел на Тајланд денеска излегоа од болница, јави Би-би-си.

Тие беа хоспитализирани во клиниката Чианг Раи, откако минатата недела беа извлечени од комплексот пештери Там Луанг.

Момчињата во текот на денов за првпат ќе излезат во јавноста на прес-конференција и ќе одговорат на прашања за она што го доживеале. По тоа, ќе се вратат дома кај своите семејства.

Последната група од вкупно дванаесетте членови на јуниорскиот фудбалскиот тим „Диви свињи“ и нивниот 25-годишен тренер беше успешно извлечена од пештерата минатиот вторник, со што беше комплетирна тридневната операција на драматично спасување, по повеќе од две недели неизвесност за судбината на момчињата.

Децата на возраст од 11 до 16 години и 25-годишниот тренер сакале да го испитаат комплексот на пештери во северниот дел на Тајланд, еден час по завршувањето на тренингот на 23 јуни. Но, монсунскиот дожд го поплавил влезот на пештерата, па целиот тим остана заробен додека двајца британски нуркачи не го пронајдоа на 2 јули.

Сите беа спасени во операцијата на тајландската армија и на меѓународен тим нуркачи, што предизвика радост и олеснување во целиот свет.

Спонзорирано: