23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарија излегува од договорот за мигранти со ОН

Унгарија ќе се откаже од договорот со Обединетите нации во врска со мигрантите, пред неговото конечно усвојување, предупреди министерот за надворешни работи, Петер Сијарто.

Тој го оцени овој договор како закана за светот.

„Овој документ е целосно против безбедносните интереси на Унгарија“, изјави Сијарто на прес-конференција, пренесе „Ројтерс“.

Договорот треба да биде формално усвоен во декември, но Унгарија нема да учествува на состанокот во Мароко, додаде тој.

Сијарто исто така рече дека Унгарија ќе се спротивстави на договорот, доколку тој стигне на гласање во Генералното собрание на ОН.

Спонзорирано: