3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија поради која плаче цела нација: Бебе починало во вжештен автомобил, мајката го оставила во него подолго од 8 часа

Седумнаесетмесечно бебе почина на Флорида кога мајка му го оставила во вжештен автомобил повеќе од 8 часа, објави каналот „Еј-би-си њуз“.

Полицијата соопшти дека бебето било пронајдено во петокот во автомобил оставен на паркинг во градот Пемброук Пајнс на Флорида. Официјалните лица изјавија дека детето било во автомобилот цели осум и пол часа. Тие додадоа дека мајката пристигнала на работа тој ден и го оставила детето во автомобилот во текот на целото работно време.

Жена очевидец на настанот, која околу 17 часот го забележала детето во автомобилот, изјавила: „Бев изненадена, не знаев дека е мртво, изгледаше како да спие“. Набргу потоа мајката повикала полиција.

„Спасувачките екипи и пожарникарите пристигнаа многу бргу, но обидите за заживување беа неуспешни и момчето беше прогласено мртво“, изјавија официјални лица.

Тој ден температурата достигнала 34 Целзиусови степени.

„Оставањето деца во автомобил е секогаш ризичен потег, но особено е смртоносен налето кога температурите може да достигнат повеќе од 38 степени“, објави полицијата од Пемброук Пајнс во соопштението до јавноста.

„Секогаш проверувајте дали вашите сакани или миленичиња ќе ги заклучите во автомобилот по паркирањето“.

Полицијата не ги објави имињата на мајката и детето ниту, пак, повеќе детали за случајот. Локален портал објави дека момчето е 24-то дете што годинава починало во вжештен автомобил во САД, а второ што починало на Флорида.