9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Сите ја јадеме на лето, а не знаеме што му прави на организмот

Нема овошје кое подобро ја гаси жедта во летните денови од лубеницата. Иако за неа често велиме дека е овошје, лубеницата всушност е зеленчук.

Лубениците се од семејството тикви и доаѓаат од средна Африка, а можат да бидат долгунасти и округли. Иако можеме да ги најдеме речиси цела година во продавниците, најдобри се за јадење на лето, кога имаат најмногу хранливи состојки.

На 100 гр имаат само 30 калории а содржат многу вода, која на лето ни е многу важна, а исто така се богати со витамини А и Ц, како и со калиум и магнезиум.

Иако сите сакаат студена лубеница, кога ќе ја ставите во фрижидер – таа губи некои својства како ликопен, кој ефикасно штити од болести. Сепак, кога веќе ќе ја пресечете, подобро е да ја чувате во фрижидер.

Високиот удел на Ц витамин во лубеницата му помага на имунолошкиот систем и го скратува времето на опоравување од болести, а ја намалува можноста од срцев удар и рак.

Цитрулин, аминокиселина која се наоѓа во лубеницата, во телото се претвара во аргинин, кој е клучен за добрата циркулација во крвта.

Спонзорирано: