7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седум лица осудени во Приштина поради тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди седум косовски Албанци на вкупно 17 години затвор поради организирање и учество во терористичка група и илегално поседување оружје.

Вкупно 11 лица беа обвинети за организирање во терористички групи и учество во војната во Сирија, меѓутоа двајца сè уште се наоѓаат во бегство, додека последниот, Бети, Ибрахимај, според тврдењата на семејството, загинал во сириската војна, пренесе РТС.

На најголема казна, се додава, осуден е Кујтим Битичи, кому му е одредена казна затвор во траење од четири години, додека Бесим Шабани, Егзол Љатифи и Беким Халили се осудени на по три години затвор.

Адил и Јетмир Буши осудени на две години и шест месеци затвор. Поради недостиг од докази ослободен е Јетон Хајдини, додека Кујтим Битичи поради недозволено поседување оружје доби условна казна од осум месеци затвор.

Осудените имаат право на жалба.

Во период кога Исламска држава стана закана во Сирија и Ирак, од Косово на воените жаришта во оваа земја заминаа околу 300 лица.

Спонзорирано: