7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Познат мајстор откри рецепт за совршено тесто за пица, еве како се подготвува

Хрватскиот мајстор во кујна Далибор Рајковиќ, кој веќе 15 години меси тесто, за 24сата.хр открил како да направите совршено тесто за пица.

Следете ги неговите инструкции, чекор по чекор до фантастична подлога за пица!

Половина килограм брашно ставете во еден сад. Можете да измешајте глатко и остро брашно, и тоа 300-350 гр да биде глатко брашно, а останатото остро. Наведените количини ќе бидат доволни за две домашни пици.

Потоа додајте состојки по следниот редослед: две лажички сол, една лажичка шеќер, 5 гр сув квасец (нешто помалку од цела вреќичка вообичаено пакување од 7 гр).

Кога сте готови со сувите состојки, додајте влажни – 0,3 дл млеко, 2,3 дл вода и 0,3 дл маслиново масло.

Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете форма на тесто, а потоа продолжете да месите на глатка површина. Глатката површина на која го месите тестото задолжително посипете ја со остро брашно, а цело време и рацете треба да ги побрашнувате со остро брашно.

Откако ќе го замесите тестото, вратете го во сад, покријте со чиста крпа и оставете да одмара на топло околу час, час и половина. Тестото развлечете го на побрашнета површина на саканата дебелина, а потоа на него наредете ги омилените состојки и испечете пица.

Добар апетит!

Спонзорирано: