7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хан побарал од Мета да не ги запира финалните пореговори на Тирана со Атина

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, синоќа на средбите со албанското раководство во Тирана побарал Албанија да ги надмине проблемите со Грција.

Хан на средбата со албанскиот претседател Илир Мета укажал на потребата да се деблокира процесот за постигнување договор на Тирана и Атина во врска со морската граница.

Албанските медиуми јавија дека еврокомесарот Хан на средбата со Мета побарал албанскиот претседател да не ги запира финалните преговори на Тирана со Атина. Преговорите за отворените прашања помеѓу Албанија и Грција се во завршна фаза, но албанската опозиција смета дека Тирана мора да ги заштити интересите околу морската граница, како и прашањето за Чамите.

Усогласените ставови на владите на Тирана и Атина наидуваат на остри критики кај албанската опозиција заради што Хан оцени дека Албанија мора да ги заврши преговорите успешно.

На средбата на Хан со премиерот Еди Рама, преставникот на ЕУ укажал на потребата од брзо завршување на реформите со цел Албанија да биде поблиску до Унијата. Хан поздравил одредени чекори на Тирана во врска со пресметката со корупцијатра и криминалот, но побарал побрзо разрешување на негативните состојби во земјата.

Рама по средбата со Хан побарал опозицијата да ги поддржи реформите и да даде свој прилог во реформските процеси. Според албанските медиуми, опозицијата во Албанија остро реагирала на посетата на Хан на Тирана изнесувајќи оценка дека тој не посветил внимание на ставовите на опозициската Демократска партија за состојбите во земјата.

Спонзорирано: