12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Блок 2 во РЕК Битола ќе биде исклучен поради редовен ремонт

РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, предвиден за 25 јули, информира АД ЕЛЕМ.

„РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 3, додека на Блок 1 привршува капиталниот ремонт и набрзо ќе се вклучи на мрежата. Напоменуваме дека АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија. Сето тоа зборува за добрата кондиција на производните капацитети и доброто менаџирање на ресурсите, во насока на обезбедување енергетска стабилност на системот“, велат од компанијата.

Спонзорирано: