13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

70 години од „Порше“ прославени на легендарниот Goodwood Festival of Speed

Историската тркачка патека Goodwood му оддаде чест на „Порше“ и неговите 70 години постоење со централна прослава на 2018 Festival of Speed, настан што се одржа од 12 до 15 јули.

Во блескава атмосфера, славејќи ја седумдесеттата годишнина од производството на првиот автомобил со познатото германско име во 1948, беа прикажани голем број на историско значајни модели на патни и тркачки автомобили. Познатата патека Goodwood Hill беше домаќинот на многу примери од спортски и тркачки автомобили кои во текот на седум генерации оставија значаен белег во историјата на автомобилизмот. Зад управувачите на препознатливите модели се најдоа многу познати личности од автомобилскиот свет.

Сé започна во јуни 1948 година со првиот „пореше 365 ротстер“, со што беше остварен сонот и изворната идеја за спортски автомобил на Фердинанд Порше, основачот на „Порше“. Само осум години по првиот модел 365, „Порше“ доаѓа до број од 10 000 произведени примероци од овој сега веќе легендарен модел. Тоа било јасно дека станува збор за полн погодок и за можност „Порше“ да стане тоа што е денес, синоним за спортски автомобил на највисоко ниво и патнички автомобил што го посакува секој.

 

Спонзорирано: