11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Русија откако премиерот Зоран Заев откри шокантни податоци во врска со немирите кои се случија во земјава

Од Руската амбасада брзо му одговорија на премиерот Зоран Заев кој кажа дека Русија плаќала за насилни протести во Македонија, затоа што се стреми кон влез во НАТО.

„Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сѐ повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“- стои во реакцијата на Руската амбасада во Македонија.

Странци блиски до Русија платиле илјадници долари за да предизвикаат насилство што би спречило Македонија да се приклучи кон НАТО. Ова го изјави премиерот Заев за еден од најголемите американски портали, Базфид. Во тој контекст беа споменати членови на навивачката група Комити.

Спонзорирано: