21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Путин и Трамп се ракуваа, па се повлекоа зад затворени врати

Историскиoт самит, како што веќе со месеци се најавува денешната средба меѓу Трамп и Путин, започна во Хелсинки, со ракување на двајцата лидери пред новинарите.

Во пресрет на средбата, американскиот и рускиот претседател седнаа пред новинарите и накратко им се обратија. Путин беше краток, велејќи дека ќе разговараат за сите важни прашања. За разлика од него, Трамп многу повеќе зборуваше, наведувајќи ја листата на теми за кои има намера да разговара.

Според планот на средбата, Владимир Путин и Доналд Трамп ќе имаат можност да ги „прочешлаат“ сите прашања во времетрање од три часа, колку што се очекува да трае состанокот.

Двајцата светски лидери лице в лице ќе разговараат во финската претседателска палата, објект од 19. век, кој некогаш бил резиденција на руските цареви во Финска.

На состанокот би требало да бидат опфатени теми од ситуацијата на Блискиот Исток, пред сè Сирија, преку улогата на Иран, потоа Украина, каде што источните делови ги контролираат проруски сили, а исто така и западните санкции наметнати на Русија по анексијата на Крим, до наводното мешање на Русија во изборите во САД, како и состојбата со нуклеарното вооружување.

Средбата во Хелсинки ќе биде четвртиот состанок на претседателите Путин и Трамп, по инаугурацијата на американскиот претседател во јануари 2017 година.

Спонзорирано: