20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поевтина патарина за странските возила

На наплатната рампа во Прешево, ако возите автомобил со српски таблички, ќе платите една цена на патарина, за разлика од возачите со странски таблички, кои имаат привилегија да плаќаат поевтино.

Возачите кои често минуваат низ овој пат веќе се навикнати на овој феномен, но оние кои за првпат ги гледаат истакнатите две различни цени се збунети.

Така, цената во домашна валута е 80 динари, додека во европски чини 0,50 евра, што кога ќе се пресмета во динари излегува поевтино за дваесетина динари.

Еден од возачите, кој отиде во Грција на одмор со своето семејство, се пожали: „Генерално не е скапо, но неправедно е. Зошто ние да плаќаме поскапо од странците, дури и ако тоа е само 20 динари разлика во цената“.

Спонзорирано: