21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Откриена тајната зошто Путин постојано доцни и кој најдолго го чекал

Доцнењето на рускиот претседател веќе влезе во легенда. Во Хелсинки остави да го чека претседателот на САД, Доналд Трамп, но ништо подобро не поминаа ни папата Франциско, Џон Кери, како и неговата поранешна сопруга која чекајќи го на метро-станиците плачеше поради неговото доцнење.

Одложувањето на Путин е легендарно. Репортерите од Кремљ редовно чекаат по неколку часа бидејќи средбите ретко почнуваат навреме. Неговото доцнење варира од лидер на лидер.

Најдолго го чекала германската канцеларка Ангела Меркел, која во 2014 година поминала четири часа и 15 минути во очекување на рускиот колега. Интересно е што таа го чекала бидејќи тој се задржал во Србија, каде што присуствувал на воена парада. Она што е најинтересно во целата приказна е тоа што никој и покрај многубројните критики за неговото доцнење, не се осмелува да замине пред да се сретне со Владимир Путин.

Ова можеби го објаснува неговото однесување бидејќи тој знае дека без разлика колку доцни на состанок со некого, тој човек секогаш ќе го чека.

Спонзорирано: