3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија оди и на предвремени парламентарни избори во септември?

Премиерот Заев не ја исклучува опцијата за предвремени парламентарни избори доколку со тоа се гарантира и успешен референдумски процес.

-Вредно е за внимание кога опозицијата бара избори. Сум бил опозиција пред една година и знам дека е вредност да се седне да се разговара, секако ако ова го гарантира успешниот референдумски процес како процес. Граѓаните ќе си кажат на самиот процес, но ако успее процесот да го достигнеме цензусот и да ги мотивираме граѓаните да излезат за едно вакво историско прашање, сите опции се отворени па дури и ова, така што заедно ќе го разгледуваме тоа, изјави Заев.

Заев очекува до крајот на неделава да се заокружи процесот околу датумот, прашањето и карактерот на референдумот за името.

– Очекуваме до крајот на неделата заедно политичките лидери, претставници на политичките парламентарни партии, да ги дефинираме овие работи поради тоа што роковите се сè поблиску, времето е сè пократко, ако сакаме да ги фатиме датумите 23 септември, 7 октомври како проектирани датуми. Очекувам дека оваа седмица ќе можеме да го заокружиме процесот околу датумот за референдумот и прашањето околу карактерот, изјави Заев.

Спонзорирано: