7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Камион се забил во автобус со свадбари – многу мртви

Најмалку 15 лица загинаа во Пакистан кога камион со приколка удрил во паркиран автобус со свадбари на пат со густ сообраќај, соопшти полицијата.

Во несреќата што се случила во провинцијата Синд на југот од Пакистан беа повредени 17 лица, а некои од нив и натаму се во животна опасност, објави агенцијата АП.

Според полицијата, причината за несреќата е најверојатно невнимание на возачот на камионот.

Фотографиите што ги објавија локалните медиуми покажуваат многу оштетен автобус и голем број амбулантни возила.

Во Пакистан сообраќајните несреќи се чести, а многу од патиштата се во лоша состојба. Покрај тоа, возачите најчесто не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Спонзорирано: