12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нека не ве лаже сонцето: Попладне следува пресврт со времето

Времето во земјата ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, особено во северозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во вторник и среда ќе има делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Спонзорирано: