6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Куба го менува Уставот, воведува функција премиер

Објавени се детаљите за новиот облик на кубанската влада, судовите и економијата. Националното собрание, според информациите, треба овој месец да ја одобри уставната реформа.

Со уставната реформа од 1976 година ќе биде воведена функцијата премиер, со што ќе се раздвои улогата на шефот на владата и шефот на државата.

Комунистичката партија ќе остане единствената политичка сила во земјата и во новото издание на Уставот. Но, изменетиот Устав, воведува новини кога станува збор за слободниот пазар и приватното сопствеништво во кубанското општество, како и претпоставка за невиност во правосудниот систем.

Се очекува предложената уставна реформа, која е опишана во главниот државен весник, да биде одобрена на национален референдум подоцна оваа година.

Новиот Устав ќе ги задржи правата како што е слобода на вероисповед, а од друга страна јасно ќе го издвои принципот на недискриминација во поглед на родниот идентитет, иако во кубанскиот весник не се прецизира во која мера државата ќе ги признае истополовите бракови.

Спонзорирано: