4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора: Во морето пронајдени 1,3 тони марихуана

Полициската управа на Црна Гора вчера кај влевањето на реката Бојана во морето запленила 1.332 килограми на марихуална.

Пакетите се пронајдени на околу 11 наутички миљи југозападно од теснецот на реката Бојана.

Станува збор за 62 пакети со содржина на билки со темнозелена боја за кои се сомневаат дека се опојна дрога-марихуана со вкупна тежина од 1.332,3 килограми.