21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Никогаш не ја јадете храната на која застанала мува, еве и зошто

Во неодамна објавено истражување ги прашале учесниците дали би излегле од ресторан кога во него би виделе лебарки, муви, мрави или змии, односно – во кој случај најбрзо би излегле.

Повеќе од 60 отсто од испитаниците како најлоши ги издвоиле лебарките.

Но, научниците предупредуваат дека вистинската закана всушност доаѓа од мувите бидејќи пренесуваат двојно повеќе бактерии.

Но, тоа не е најодвратно.

Мувите обожаваат измет, ѓубре и животни во фаза на распаѓање. Бидејќи не можат да џвакаат, храната која ја пронаоѓаат на овие места ја растопуваат со ензими кои ги плукаат, а потоа ги вшмукуваат.

Со други зборови, кога мува ќе слета на вашата чинија, таа всушност „плука“ на храната која ја јадете.

Освен тоа, на своето тело носи бактерии и вируси кои можат да останат на храната, пишува Country Living.

Спонзорирано: