15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Македонија ја доби поканата за НАТО

Република Македонија ја доби поканата за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО. Генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, му ја врачи поканата на премиерот Зоран Заев и му честита за политичката храброст.

„Честитам за политичката храброст и посветеноста за подобра иднина“, рече Столтенберг. „Кога ќе завршат внатрешните процедури и ќе биде ратификуван договорот, ќе седите на иста маса со сојузниците и ќе имате еднаков глас со нив“, нагласи генералниот секретар на НАТО и порача дека денеска е ден за славење.

Столтенберг истакна дека граѓаните на Република Македонија треба да го прифатат денешниот како голем ден кој заслужува да биде славен, и дека оваа покана е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

Заев на заедничката прес конференција истакна дека ова е историски ден за Македонија.

„Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество, и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден“, рече премиерот Заев.

Во своето обраќање тој потенцираше дека одлука потврдува дека споделуваме евроатлантски вредности, и дека Република Македонија може да оствариме и да испорачаме учество во алијансата сооветно на НАТО стандардите.

Заев кажа и дека членството во алијансата уште повеќе ќе ја консолидира демократијата, ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста и ќе служи како позитивен пример за земјите од Западен Балкан.

„Силната заложба на Владата за решавање на отворените прашања со сите наши соседи даде конкретни резултати. Изразувам посебна благодарност до моите колеги, премиерот на Република Грција, Ципрас и премиерот на Република Бугарија, Борисов, за споделување на истата визија со нас. Оваа визија ни донесе голем успех во Регионот и во Европа. Благодарност упатувам и до сите наши останати соседи и до нашите партнери ЕУ и САД, со кои развиваме силни билатерални и регионални партнерства за кои верувам дека ќе се продлабочуваат уште повеќе, во годините што доаѓаат“, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Спонзорирано: