3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Украдени 169 лап-топи од училиште во Скопје

Сто шеесет и девет мали ученички лап-топ компјутери со полначи и „мауси“, 100 парчиња „мауси“, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ, одзел непознат сторител од Основно училиште лоцирано на улицата „Коста Абрашевиќ“.

МВР соопшти дека со кражбата сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 576.000 денари.

Тој со употреба на физичка сила отворил еден од прозорците од училиштето, влегол внатре и отворил повеќе врати од кабинетите по што ги одзел предметите. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.