8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Се најавуваат три различни протести низ Скопје – внимавајте на овие сообраќајници

Поради организирање три протести попладнево, Јавното сообраќајно претпријатие најави дека голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а некои од нив ќе возат по скратена траса од вообичаената.

Поради протестот на Бит-пазар предвиден во периодот од 12 до 16.30 часот, изменет режим на сообраќање ќе важи за автобуските линии 2, 8, 9, 12, 17, 19, 45, 50, 54, 55, 57, 59, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 65В, 73, како и за сите други градски и приградски линии што по редовната траса минуваат преку Бит-пазар.

Најавен е и протест во периодот од 15 до 17 часот на крстосницата на „Рузвелтова“ со булеварот Партизански одреди. Автобусите што сообраќаат во овој реон ќе возат во зависност од моментните услови на терен, односно по траса наложена од сообраќајната полиција.

Вообичаено како и во изминатите неколку дена, и вечерва во периодот од 20 до 22.30 часот поради протест пред Собранието на РМ затворен за сообраќај ќе биде центарот на градот. Возилата од јавниот сообраќај ќе бидат пренасочени по улицата Даме Груев (зад Собранието на РМ) и по булеварот Свети Кирил и Методиј кај „Рамстор“.

За подетаљни информации за изменетиот режим на сообраќање и трасата на конкретна линија, корисниците на јавниот превоз може да се јават во оперативниот контролен центар на ЈСП Скопје на 3173-224.

Спонзорирано: