23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Данев: Декларација за приклучување на Македонија во НАТО не е ништо ново

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Драган Данев, денеска изјави дека Декларацијата за приклучување на Македонија во НАТО, не е ништо ново.

„Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина“, истакна Данев.

Тој додаде дека првата Декларација за влез на земјава во НАТО, била поднесена од ВМРО-ДПМНЕ во 1993 година и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието во тој период.

Спонзорирано: