3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ со години не инвестира во системот за градобитна заштита, обвинува СДСМ

По сите малтретирања, уцени и понижувања што им ги правеше на земјоделците, по аграрниот пустош што го остави зад себе, ВМРО-ДПМНЕ денес нема минимум кредибилитет да зборува за состојбата во земјоделството. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, барок и криминални тендери, 10 години не беше инвестирано во системите за градобитна заштита и во ниту еден дел од техниката во Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти СДСМ.

Според владејачката партија, за разлика од криминалното и расипничко владеење на ВРМО-ДПННЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работи на воспоставување целосно нов систем за градобитна заштита. Во таа насока годинава е инвестирано во три агрометеоролошки станици во државата, нешто што со години не било направено. Во Кочани, Струмица, во Градско се инсталирани комплетно нови агрометеоролошки станици, а повеќето од метеоролошките станици на УХМР кои со години беа запоставени сега се реконструирани.

„Лажните вести и информации се единствениот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека мерката за покривање 60 отсто од трошоците за осигурителни полиси е укината. Мерката ќе продолжи да постои, сите земјоделци што ги исполниле условите за оваа мерка се веќе исплатени. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, партијата на која ѝ е битна само одбраната на криминалнот, СДСМ преку Владата што ја предводи покажува вистинска грижа за земјоделците и работи исклучиво на унапредување на земјоделството како една од најзначајните стопански гранки“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: