9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ја обвини Германија дека е заробеник на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Брисел ја обвини Германија дека е заробеник на Русија бидејќи од Москва купува струја.

Трамп пристигна во Брисел за да се пожали дека од САД се очекува да ги бранат своите сојузници од Русија, а Германија ѝ исплаќа милијарди долари за струја на Москва.

„Сметам дека тоа е нешто со кое НАТО треба да се позанимава“, рекол Трамп.

Столтенберг ги отфрлил коментарите на Трамп потенцирајќи дека додека има различни мислења во алијансата, членките се посилни заедно отколку да бидат одделно.

Но, Трамп прашал како може НАТО да биде посилен кога Германија ја прави Русија побогата.
Коментарите на Трамп следуваат по неговото пристигнување на самитот на НАТО, каде што се очекува да се сретне со сојузниците и да се фотографира со нив.