18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Планирано исклучување на Блокот 3 во РЕК „Битола“

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека РЕК „Битола“ во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на Блокот 3.

„Причината за планираното исклучување се намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба која овозможува производство од хидроелектраните, што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување помали дефекти и за зајакнување на оперативноста и на расположливоста на блокот.
Блокот 3 ќе биде вратен во мрежа на почетокот на следната недела“, се наведува во соопштението на компанијата.

Како што информираат од компанијата, РЕК „Битола“ ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блокот 2, а на Блокот 1 се изведува капиталниот ремонт.

Спонзорирано: