20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Пијана невеста ги истепала кумовите и младоженецот

Свадбата би требало да биде еден од најрадосните настани во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохол тоа не било случај.

Една невеста, според полицијата, испила премногу алкохол па почнала да тепа повеќе лица на свадбата.

Меѓу „жртвите“ бил и младоженецот, кој, бидејќи не можел да ја смири, повикал полиција на помош.

Кога чуварите на редот пристигнале на венчавката, невестата веќе ги претепала младоженецот, неговата баба и кумовите. Потоа се затворила во една просторија, од која излегла дури после долгите преговори со полицијата.

Од сопствената свадба одведена е со лисици и покрената е постапка поради нанесување телесни повреди. Во извештајот на полицијата не се наведува зошто невестата изгубила контрола.

Спонзорирано: