9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момчињата од поплавената пештера ослабеле по два килограма, но здравјето им е добро

Момчињата што по две недели беа спасени од поплавената пештера на Тајланд, во просек ослабеле по два килограма, но нивната здравствена состојба е добра, соопштија надлежните институции. Според нив, 12-те млади фудбалери и нивниот тренер добро се грижеле за себе во пештерата и пиеле од водата што капе од ѕидовите на пештерата.

Двете момчиња што во неделата беа извлечени од пештерата и едно од спасените во текот на вчерашниот ден имале воспаление на белите дробови поради што им била препишана седумдневна терапија.

Момчињата што во неделата беа извлечени од пештерата веќе се хранат нормално и може да се движат, а другите сè уште јадат само пасирана храна.

Спасителите вчера ги извлекоа 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера. Во акцијата учествуваше тим од 90 нуркачи.

Спонзорирано: