6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Казна од половина милион фунти за „Фејсбук“ поради скандалот со „Кембриџ аналитика“

„Фејсбук“ се соочува со првата парична казна поради скандалот со „Кембриџ аналитика“, на која ѝ овозможил да ги користи личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.

Надлежната канцеларија на британската влада, која го истражуваше скандалот, соопшти дека планира да го казни „Фејсбук“ со половина милион фунти (663.000 долари) поради лошата заштита на податоците. Тоа е максималната казна што надлежните може да ја изречат за кршење на британските закони за приватност на податоците.

Казната од половина милион фунти е незначителен износ за мрежата што има пријавено приход од 11,97 милијарди долари за само првите три месеци од годинава. Овие средства таа ги генерира речиси на секои седум минути.

Британската компанија „Кембриџ аналитика“, која го советуваше амриканскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања во 2016 година, прибрала лични податоци на 87 милиони корисници во светот.

Спонзорирано: