19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Безбедноста е нарушена, а одговорност нема за никого

Безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат по улици, а одговорност нема за никого. Власта е нема пред криминалците, власта е најголемиот криминалец, обвинува опозицијата преку соопштение.

„Десетина убиства сред бел ден повеќе од година дена се неразјаснети. Правосудните органи не работат според закон, туку според потребите на криминалците. Квалификацијата на делото за убиството на младиот Никола Саздовски како насилство е недозволиво и одраз на заробената држава“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ се осврнува и на економијата во земјата, коментирајќи дека граѓаните се се посиромашни, а економијата повеќе од една година е на нула.

Спонзорирано: