12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во зградата на Владата во Скопје – еве што се случува

На предлог на Mинистерството за економија на денешната седница на Владата ќе биде разгледана информацијата во врска со донесување на програма за изменување на програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година, со предлог-програма, како и информацијата во врска со потпишувањето на меморандум за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу Mинистерството за економија на Република Македонија и министерството за енергетика и рударство на Република Косово.

Пред министрите денеска ќе се најдат и две информации предложени од Mинистерството за здравство, односно информацијата за спроведена постапка по објавен оглас за избор на Национален координатор за трансплантација со предлог – решение, како и информацијата со барање за отпочнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка и акциски план за реконструкција, пренамена и адаптација и доградба на ЈЗУ Општа болница Кичево – втора фаза.

Како материјал за информирање на 78-мата седница министрите ќе го разгледаат извештајот за реализација на оперативниот план на активностите за имплементација на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност за 2017 година.

На денешната седница, членовите на Владата ќе дебатираат и за информацијата предложена од Mинистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно информацијата за потпишување на спогодба помеѓу македонското и Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, за фитосанитарна соработка. Седницата на Владата е предвидено да започне во 12 часот.

Спонзорирано: