20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот министер за брегзит поднесе оставка

Дејвид Дејвис, британски министер за брегзит, кој ги предводеше преговорите за излез на Британија од ЕУ, поднесе оставка. Во својата писмена изјава Дејвис го критикува планот за брегзит на премиерката Тереза Меј, одобрен од нејзиниот кабинет, напоменувајќи дека планот ќе го остави Парламентот, во најдобар случај, најслаба позиција во преговорите.

Премиерката Меј соопштила дека не се согласува со неговата оставка, но му се заблагодарила за неговата работа. Оставка на Дејвис е удар за Меј во моменти кога таа се обидува да го наметне својот план за брегзит пред евроскептичните пратеници.

Велика Британија е предвидено да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година по референдумот одржан во 2016 година, но првин двете страни треба да се согласат како ќе функционира трговската размена меѓу Британија и ЕУ.

Спонзорирано: