5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Твитер“ избриша повеќе од 70 милиони лажни налози за два месеца

„Твитер“ покрена борба против лажните и сомнителни налози на својот сервис, односно таканаречени ботови и тролови и во текот на претходните месеци беа избришани неколку милиони налози.

Целта на акцијата е намалување на дезинформациите, а брзината со која налозите се отстрануваат е двојно поголема во однос на октомври лани, кога под притисок на американскиот Конгрес од „Твитер“ открија дека Русија користела лажни налози во текот на американските претседателски избори.

Од извори блиски на „Твитер“ стигнала информација дека на укинувањето на толкавиот број на лажни профили ѝ претходеле бурни интерни кавги, пишува „Вашингтон пост“.

Во текот на мај и јуни се отстранети повеќе од 70 милиони налози, а чистењето со исто темпо продолжило и во јули.

Компанијата истовремено ја искористила приликата и да се отараси од налози кои спамуваат ретвитови за да промовира поискрена интеракција меѓу корисниците.

Спонзорирано: