23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Фотогалерија: Срце ќе ви заплаче – еве како за последен пат најблиските се поздравија од популарниот пејач Влатко Илиевски

Роднини, пријатели, колеги денес дојдоа на градските гробишта во Ѓорче Петров да му оддадат последна почест на пејачот Влатко Илиевски кој завчера беше пронајден мртов.

Освен семејството и неговите музички колеги, за последен пат да се збогуваат дојдоа и голем број фанови. Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко. Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитјан, Дани Димитровски, Џина Папас Џокси, Стефан и Мартин од Некст тајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска беа само дел од оние кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.

Влатко Илиевски, кој имаше 33 години, завчера беше пронајден мртов околу 23 часот, по анонимниот повик во полиција, во неговиот автомобил „тојота“ на улицата Трета македонска бригада. Резултатите од обдукцијата треба да ја покажат причината за смртта на младиот пејач.(Макакс)

Спонзорирано: