15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Спасовски: Никој нека не се надева на амнестија

Сакам уште еднаш да истакнам за оние коишто деновиве заговараат некакви амнестии. Апсолутно не се боревме за амнестија на криминалот на никого, ние сакаме да има правда за сите, сакаме во едни транспарентни постапки секој да одговара за стореното, изјави министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски.


Така што, додаде тој, и од овде од Гостивар, упатувам порака дека амнестија нема да има за никого.

„Никој нека не се надева на амнестија, секој нека се соочи со правдата за она што го направил, заради тоа што и тоа е европска вредност. Правда мора да има за сите, и да чекориме цврсто и храбро заеднички, без разлика на национална и на верска припадност во Република Македонија да исчекориме во тој европски пат“, рече Спасовски.

Тој рече дека после многу години тапкање во место, сега е период во којшто граѓаните ја имаат историската шанса да помогнат на Македонија.

Сите граѓани, додаде Спасовски, треба да се приклучиме заедно во оваа битка за остварување на националните интереси, а тоа е, како што рече, членството во Европската Унија и НАТО.

„Од тој аспект сметам дека најголема одговорност треба да имаат политичарите. Најголема одговорност треба да бидат оние коишто се највисоки позиции и од тој аспект го повикувам Иванов да го потпише Законот за ратификација на меѓународниот договор, да и помогне на Република Македонија да исчекори напред и да покаже дека е за иднина на оваа држава и за иднина на нашите генерации“, рече Спасовски.

Спонзорирано: